Нема рестриктивни мерки за празниците: Состојбата е мирна, дел од ковид-центрите се затвораат

Актуелните антиковид мерки се сосема доволни и нема потреба од нови рестриктивни мерки оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, нагласувајќи дека епидемиолошката состојба во Македонија е мирна.

-Остануваат на сила постоечките мерки. За влез во земјава се бара потврда за вакцинација или негативен ПЦР или пак потврда за прележан ковид. Жалам што интересот за вакцинацијата спласна. Ако се исклучат децата ние имаме опфат меѓу 50 и 55 проценти, и нема брзо да го постигнеме процентот од барем 70 отсто, но со оглед на тоа што собири на јавни места има секаде, а кулминација ќе се доживее за време на новогодишните празници и сето тоа ќе спласне, ние сега имаме прилично мирна состојбата. Не гледам зошто и специфично само за новогодишните празници би правеле некаква рестрикција кога собири сега пред Нова година традиционално има секаде во огромен број, луѓе се собираат“, изјави Филипче.

Истовремено нагласи дека и болниците се празнат, односно се намалува бројот на пациенти кои се хоспитализирани заради компликации од вирусот.

Повеќе на Фактор.мк