НЕМА ТЕРМИНИ ЗА МАМОГРАФИЈА ЗА НАРЕДНИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ - жените во Скопје принудени да плаќаат во приватните клиники
Во сите шест јавни здравствени установи во Скопје каде што може да се направи мамографија нема термин за наредните три месеци. Оваа информација може да се провери и во делот за термини на веб-страницата на „Мој Термин“.
На прашањето од МИА зошто нема термини и дали се работи на регулирање на овие важни прашања, Министерството за здравство не даде конкретен одговор и фокусот го стави на Националната скрининг-програма за рано откривање рак на дојка. Во недостиг на термини, а со цел навремени проверки, жените се принудени решението да го бараат во приватните клиники.
- Со цел да се олесни закажувањето, жените добиваат СМС-порака со точно време, ден и здравствена установа за скрининг-мамографија и нема потреба да се јавуваат кај матичен лекар за упат. За жени на кои ќе треба да се направат дополнителни прегледи, на пример, ехо и биопсија, радиологот ќе ги повика телефонски и ќе креира упат за дополнителните прегледи - стои во одговорот што МИА го побара од Министерството за здравство. Повеќе на Фактор.мк
Фото: unsplash