Необичен украс или посебен накит кој останува засекогаш: Совршен празничен подарок
Уште само неколку денови нè делат од крајот на оваа и почетокот на новата година. Нема жена која не сака да добие доза внимание во овој празничен период.
Сигурно се мислите што да подарите на вашата сестра, најдобра пријателка, мајка, блиска роднина.... Ние сме тука со супер идеја!
1. Накит е секогаш совршено решение
Во зависност од вкусот на личноста за која избирате подарок, накитот од најновата колекција на Swarovski, има за секого по нешто.
Доколку барате безвремена елеганција - ќе се заљубите во овие нежни, а впечатливи прстени, белезици, ланчиња, обетки...
Доколку пак станува збор за личност со шик модерен изглед, овие парчиња оставаат без збор.
2. Необични кристални новогодишни украси и лампиони кои остануваат засекогаш
Магијата на кристалните новогодишни и божиќни украси е посебна. Да подарите некому украс или лампион од ваков тип, значи да подарите посебно внимание.
Новогодишната колекција на Swarovski која може детално да ја разгледате на www.royalhouse.mk , или пак доколку посетите некој од салоните на Royal House во
Скопје Сити Мол, Палма Мол Тетово или Плоштад Македонија, е беспрекорно нежна, но во исто време и со толку шарени разиграни елементи.
Накитот во форма на ѕвезда, нежните кристални парчиња и шарените привлечни дизајни им помагаат на сите да бидат забележани во празничната публика. Празничните додатоци за домот што прикажуваат традиционални мотиви со современ пресврт или иконските креации се совршени подароци.
Целосната колекција е зрела со симболика, истовремено раскажувајќи ја приказната за брендот на Swarovski и користејќи бои, текстури и кроеви за да создаде плејада парчиња за индивидуално самоизразување - класични, панк, слатки, впечатливи и секоја варијанта помеѓу.
„Со Kолекцијата II, можевме дополнително да го вкорениме нашиот развој во наследството на Swarovski. Притоа, создадовме парчиња за секој да игра и да експериментира со кристалот како алатка за сопствен израз.“ - изјави Џована Енгелберт, креативен директор на Swarovski.
За што и да се одлучите, онаа која ќе добие ваков подарок, ќе биде воодушевена.
*ПР објава