Нереално издание на Лидија Вукиќевиќ во бикини: Брутален изглед кој со зборови не се опишува

Кога станува збор за изгледот, со Лидија не можат да се мерат ниту многу помлади жени

Популарната актерка Лидија Вукиќевиќ (59) уште еднаш покажа зошто важи за една од најпосакуваните и најфаталните познати дами.

Лидија уживаше во спа, а следбениците на Инстаграм ги почести со провокативни кадри на кои никој не остана рамнодушен. Актерката во таа прилика облекла црно бикини кое ги разбуди фантазиите на многумина.

Таа позираше покрај базен, истакнувајќи ја својата витка фигура во преден план, а многумина се согласуваат дека, кога станува збор за изгледот, со Лидија не може да се мерат ни двојно помлади жени.

Актерката е на прагот на седмата деценија, а е една од оние дами кои со годините изгледаат се подобро и подобро, а доказ за тоа се кадрите во минијатурно бикини.

„Мама миа“, „Лидија гориш“, „Двапати помлади да ти завидуваат“, „Оган кој гори“, „Секоја чест изгледаш беспрекорно“, „Тебе годините не ти се гледаат“, „Колку постара, толку поубава и поубава“, „Оваа жена нема конкуренција“, се дел од коментарите.



Во галеријата погоре погледнете ги бруталните кадри на Лидија Вукиќевиќ во бикини.


Лидија Вукиќевиќ се прости од кадравата коса: Сега има краток боб - ја споредуваат со Кардашијан (ФОТО)

Мајка ми студирала книжевност во Скопје и од мала ми ја пренесе љубовта кон Македонија – Лидија Вукиќевиќ