Лидија Вукиќевиќ се прости од кадравата коса: Сега има краток боб - ја споредуваат со Кардашијан (ФОТО)
Актерката е препознатлива по долграта кадрава коса, која ја негува цел живот, а изгледа дека денес собра храброст и отиде чекор понатаму.
Актерката Лидија Вукиќевиќ гордо оди кон крајот на шестата деценија, а изгледа барем двојно помлада. Иако долгата коса и локните отсекогаш биле нејзин заштитен знак, таа реши целосно да го промени имиџот, а со новата трансформација предизвика голем ентузијазам кај колегите, пријателите и следбениците на Инстаграм.
Ретко, но сепак се случувало да ја исправи косата, да носи шишки, а денес собра храброст, па ја скрати косата и засекогаш се збогуваше со кадравата коса, што, ќе признаете, е сериозен потег.
Полна со самодоверба, актерката се фотографираше со фризурата и сподели неколку фотографии. Она што е уште позабележително е дека Лидија во ова издание потсетува и на мајката на Кардашијан сестрите, Крис Џенер, барем така велат во коментари.
Вукиќевиќ за само неколку часа собра над 6.000 лајкови, а меѓу реакциите имаше и бројни коментари и комплименти.
- „Фантазија“, „Бескрајно убава жена“, „Нема ништо поубаво на нашата сцена“, „Топ, министерке“, „Божествена“ - беа само дел од коментарите.
Дали можеби станува збор за перика или навистина ја скратила косата, останува да видиме.
извор:24sedam.rs