Непрепознатлива: Лидија Вукичевиќ отиде чекор понатаму и целосно го промени изгледот

Добивај вести на Viber

Публиката ја памети како црнокоса дама со локни, а таа ги изненади сите со оваа промена.

Познатата актерка Лидија Вукичевиќ неодамна на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која позира, а вниманието на публиката го привлече нејзината нова фризура.

Имено, Лидија ја паметиме како волшебна црнокоса жена со виткана коса, а овој пат сите се изненадија од нејзината промена. По првата фотографија со која ја изненади публиката, Лидија отиде чекор подалеку, па објави уште една фотографија со долга црна коса, која е прошарана со црвеникави прамени.

View this post on Instagram

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)


Видно подолга коса во споредба со последната фотографија ја остава публиката да размисли дали станува збор за надградба, перика или нешто сосема ново и поинакво. Нејзините следбеници беа воодушевени од последната трансформација, а некои коментираа дека е непрепознатлива.

Следуваа коментари за нејзиниот изглед, а многумина истакнаа дека оваа фризура брише години од нејзиното лице. Сепак, некои следбеници „протестираа“ и потенцираа дека Лидија, која ја паметат од малите екрани, не изгледа вака и дека сакаат да и се врати на старата фризура.

Иако актерката може да се пофали со совршен изглед во шестата деценија, нема посебен совет за тоа, но повеќе пати истакна дека секако станува збор за добра генетика.


Фото: Инстаграм-официјален профил Лидија Вукичевиќ

Се откажа од фризурата по која е препознатлива: Лидија Вукичевиќ драстично го промени имиџот (ФОТО)