Невен е парализиран, заедно со партнерката покажаа како изгледа нивниот сексуален живот: „Ова е најкорисното нешто на интернет“ (ВИДЕО)
Млад пар од Америка реши на „ТикТок“ да го сподели своето искуство за тоа како изгледа сексуалниот живот на лицата со телесен инвалидитет. Имено, Невен Харт од Калифорнија останал парализиран од половината надолу кога имал 20 години по сообраќајна несреќа со мотор.
Тој сега е во инвалидска количка, а неговата свршеница Амбер заедно со него го сподели нивното искуство кое многумина го нарекоа „најинформативна содржина на интернет во моментов“.
Амбер и Невен редовно одговараат на прашањата на своите следбеници (кои моментално имаат 546 илјади), а открија и како им изгледа сексуалниот живот на другите во таква ситуација.
Невен раскажал како користи супстанца која се вбризгува во врвот на пенисот за да постигне ерекција, а Амбер додала дека оваа супстанца не е покриена со нивното здравствено осигурување и чини 180 долари (околу 165 евра) за две ампули.
@ambercogbill03 How does a paralyzed person do the deed? #questionoftheday #fyp #paraplegic #paralyzed #loveyouguys #wheelchair #wheelchairlife #spinalcordinjury #spinalcordinjurysurvivor #spinalcordinjuryrecovery #fiance #engaged #wedding #fylpシviralシ #educational #motivation #howto #dirtbike #moto #racing #foryoupage #craighospital @Neven original sound - Amber & Neven Hart
Таа тогаш изјави дека на клиниката за рехабилитација на Невен му било препорачано седиште кое се движи напред-назад, што реагира на самото движење на вратот на лицето што седи во него. Тој уред чини 550 долари (околу 500 евра), а Невен вели дека „вреди за секој цент“.
Младиот човек објаснил дека не мислел дека ќе сними видео во кое дава насоки за сексуален однос, но нагласил дека верува дека е неопходно да се излезе од зоната на удобност доколку тоа ќе им помогне на другите луѓе, додека Амбер додала дека решиле да го направат тоа видео затоа што самите не можеле да ги добијат потребните информации откако Невен доживеал несреќа.
Нивното видео собра над 30 милиони прегледи и предизвика лавина позитивни коментари, од кои може да се види како и денес се уште е табу тема на интернет, а од друга страна колку луѓе има потреба од такви информации.
Фото: ИнстаграмИзвор: Ona.telegraf.rs