Неверојатна судбина! Српски рокер стана монах откако преживеа пекол од дрогата - тешки трагедии на блиски луѓе го оддалечија од музиката

Монахот Арсениј Јовановиќ е игумен во манастирот Рибница, православен говорник и публицист. Се занимавал со сликарство и музика, свирел рокенрол и завршил стоматологија.

Роден е во 1960 година во Белград како Александар Јовановиќ, а името Арсениј го добил кога се замонашил, а во светот на музиката беше познат под псевдонимот Аца Плави. Живееше во Бруклин на 29-годишна возраст и вели дека тогаш, заради големи проблеми со пороците, особено со дрогата, првпат извикал кон Бога.

Во 2006 година, додека служеше во манастирот Црна Река, ја објави книгата „Бог и рокенрол“ каде детално го опиша својот живот, но и животот на неговите пријатели, славни Југословени, од кои многумина го загубија животот во битката со наркотици.

Се занимавал со ликовна уметност, цртање, скулптура и вајарство. Студирал и пониско музичко училиште за пијано. Од 24-годишна возраст, тој започнал самостојно да прави модни чевли рачно, претежно чизми од змија, модели кои ги носеше рок сцената во Белград во тоа време.

Неговата љубов кон музиката дошла до израз во неговиот прв ангажман во рок-групата „Вија талас“, каде што за кратко време беше придружен вокал. Тој беше во тој бенд со басистот Бојан Пежар, кој подоцна беше член на легендарната музичка група Екатарина Велика и Мишко Плав, денешниот познат солист на хармоника, и некогашен член на разни познати белградски рок-групи.


Тој не криеше дека зачекори длабоко во светот на пороците и наркотиците со своите пријатели. Подоцна јавно зборуваше за тоа и им помагаше на другите да не одат по тој пат што води до ништо.

Она што ја одбележа неговата рана младост, но и целиот живот, беше што тој секогаш бараше подлабоко значење на животот и вистината. Вежбал медитација и Зен будизам, сè додека конечно не го открил Православието во Менхетен во 1989 година, што го спасило.

Во 1993 година, по враќањето од Америка, заминал на Света Гора. Одлучил да живее како монах во манастирот Свети Дечани, на Косово и Метохија, каде една година подоцна го доби името Арсениј. Интересно е што тој не сакал да го напушти Дечани кога силите на КФОР влегоа во Косово и Метохија. Бидејќи бил стоматолог по професија, тој им помагал на повредените цивили за време на војната.

Од 2005 до 2011 година служел во манастирот Црна Река и во тој период ја објавил книгата „Бог и рокенрол“.

Оваа книга предизвика многу полемики. Некои го осудија за давање детали, други му беа благодарни за „спасувањето на нивните животи“.

Монахот Арсеније вели дека рокенрол од него ги однел луѓето што ги сакал најмногу во животот. Затоа рокенролот е многу болна тема за него. Тој рече дека не е исто да се биде на сцената и да се биде во публика. Тој верува дека луѓето што создале рокенрол биле гладијатори кои ги забавувале луѓето, но платиле за тоа со нивната крв. Тоа најдобро го знаат, вели тој оние што се дружеа со нив и живееја со нив на истите места. Земале наркотични средства за да имаат инспирација за такво нешто. Тој верува дека рокенролот е одличен маркетинг.

Денес монахот Арсеније пишува песни. Тој одржа бројни јавни беседи и беше гостин во многу емисии. Се верува дека преку своите предавања, беседи и медиуми, на некој начин, тој ги модернизирал црковните сфаќања кај младите. Тој смета дека црквата мора да им помогне на младите, да ги просветли и да им обезбеди одговори на одредени прашања.


Тој се надева дека љубовта не е изгубена на овој свет и дека може да врати сè на вистинскиот пат. Тој верува дека омразата доаѓа од недостаток на љубов и дека нема средина.


Фото: Youtube/screenshoot

Видео: Youtube

Можеби ќе ве интересира: