Невестата промени две венчаници: Погледнете дел од атмосферата на свадбената веселба на Ирина Дишовска и Павле Камиловски

Добивај вести на Viber

Алпинистката Ирина Дишовска и пејачот Павле Камиловски вчера го кажаа судбоносното „ДА“. 

Невестата промени две венчаници, првата која ја носеше во црква беше нежна со интересно деколте и ракавици кои му дадоа елегантна нота на целиот изглед, додека другата венчаница која ја покажа за време на свадбената веселба  ја следеше линијата на нејзиното тело и ѝ го истакна трудничкото стомаче, а додека на деколтето имаше интересен детаљ - пердуви. 

Младоженецот кој е познат како елегантен џентлмен, се одлучил за црн костум со интересна јака, елек и црна машна. 


Павле кој ѝ е познат на јавноста како пејач, ѝ пееше на нововенчаната сопруга, но исто така на свадбената веселба имаше и тапани без кои не би можела да помине традиционална македонска свадба.

Инаку, првата информација за нивната свадба ја сподели мејк-ап артистот Зоран Шурбевски кој објави фотографија од невестата. 


Фото: Инстаграм - Стори

Повеќе фотографии од веселбата погледнете во ГАЛЕРИЈАТА: