Нежна невеста, а еве ги и сестрите на младоженецот: Павле Камиловски и Ирина Дишо денес прават свадба (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Познатиот пар, пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска денес ќе правaт свадба.

За оваа информација јавноста дозна пред малку, кога на социјалните мрежи мејк ап артистот Зоран Шурбески објави фотографија од невестата, и сестрите на младоженецот.


Невестата изгледа навистина прекрасно, а за најубавиот ден се одлучила за нежна шминка, пуштена коса со бранови и вел во вид на венче.

Шурбевски објави фотографии и од сестрите на младоженецот Павле.


Под фотографијата на Ирина се нанижаа коментари за убавата невеста, а меѓу нив е и коментарот на пејачката Викторија Лоба која напишала „Убавица“.


Имено Ирина е во блажена состојба, а благодарение на своето активно вежбање изгледа одлично.

Таа и партнерот Павле Камилоски на многу интересен начин открија дека ќе добијат син.


Тие се нова совршена двојка: Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска заљубени до уши (ФОТО)