Тие се нова совршена двојка: Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска заљубени до уши (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска се нова двојка на македонската јавна сцена.

Имено Ирина пред извесен период сподели нивна заедничка фотографија на која изгледаат заљубени до уши , а на истата додаде „само ние двајца“. Пристигнуваа коментари од сите страни за преубавиот пар.


Вчера пак додека Павле службено беше на свирка во скопски локал, неговата партнерка Ирина беше во публика со свои драги пријатели. Тој пееше, а таа се веселеше, а како што една од пријателките сподели таа е неговата „Mia Bella“ од истоимената песна на Камлоски.

Камилоски е познат по своите романтични песни и видео записи во кои се појавуваат убави девојки. Тој е оперски баритон, а најмногу ѝ е познат на македонската јавност по уникатниот музички настан „Мала Италија патува” во кој тој ја имаше главната улога. Претходно беше во љубов со балерината Катерина Стевковска, која своевремено во интервју за Женски Магазин сподели дека тој е нејзината сродна душа, додека пак тој за „Репортер.мк“ изјави дека таа е посебен дел од неговиот живот поминат во поубавите периоди и дека ѝ е многу благодарен.


Вчеравечер неговата сегашна партнерка Ирина блесна во црн фустан кој ја истакна нејзината совршена линија.

Инаку Ирина на јавноста ѝ е позната по својата огромна страст кон планинарењето. Таа е од Тетово, но веќе извесен период живее во Скопје. Во 2020-тата воодушеви кога боса и во црвен долг фустан се качуваче по карпите на Кањон Матка.


Потоа имаше еден голем подвиг- кампување на ветришта и виулици на снежната Шар Планина, на минусни температури кои се спуштија дури и 20 спепени под нулата, а беа „feels like -30“. За ова екстремно искуство раскажа детално во интервјуз а Женски Магазин.

Ирина беше и единствената девојка меѓу шест Македонци кои го искачија највисокиот врв на Килиманџаро во Африка.


*Р.Ж.М.