Моќта на жената: Боса и во долг фустан Ирина се искачи на Матка
Младата Ирина Дишовска се искачи на Кањон Матка боса и во фустан.
Со тоа ја покажа моќта на жените и дека се' е возможно.
Ирина е планинарка која за себе вели дека е во беспрекорна физичка и ментална форма, поради што и била подготвена на овој чекор.
Со овој подвиг таа сака да ги инспирира сите да не се откажуваат од замислените цели.
Ви го пренесуваме нејиниот Фејсбук статус и видеото од искачувањето на Матка:
„И овој пат сакам да се заблагодарам на сите кои ми дадовте поддршка, и кои што на ваков или онаков начин го разбраа мојот перформанс.
За оние неупатените, сакам да кажам дека ова е уметнички перформанс со кој што сакам да ја прикажам женственоста, а воедно и моќта на жената во едно кратко видео.
И на крај, за критичарите, и оние кои упатуваат навреди, сепак едно кратко образложение. Мојата физичка и ментална форма се беспрекорни во моментов. Оние кои имале шанса да качуваат со мене, ќе го потврдат истото. Зад овој (како што го нарекувате луд) подвиг, стои години тренинг и искуство. И не, не мислам дека со ова ќе ги мотивирам его триповите да се качат на истово боси, или во костим како мене. Напротив, мислам дека со ова ќе МОТИВИРАМ И ИНСПИРИРАМ што повеќе жени и мажи да не се откажуваат од своите замислени цели. И клучот е наједноставен. Тренинг, и само тренинг. Останатото е историја...“ - напиша Ирина.
Секоја чест за оваа храбра девојка!