Освојување на Килиманџаро преку Дневникот на еден Тисо

Добивај вести на Viber

Пред повеќе од еден месец, шест македонци го искачија највисокиот врв на Килиманџаро во Африка.
Меѓу нив, единствена девојка беше Ирина Дишовска и токму таа ни раскажува за екстремниот предизвик, од моментот на приклучување кон тимот, сѐ до самото искачување на Ухуру - највисокиот врв на Килиманџаро, прочитајте ја авантурата на Дишовска преку Дневникот на еден Тисо.

Идејата за искачување на највисокиот врв на Килиманџаро и највисок врв на континентот Африка, дојде од страна на Лазо Миноски, кој ме праша дали би сакала да се приклучам на тимот. Со задоволство прифатив, меѓутоа Лазо со уште двајца негови избраници во тимот имаа план за искачување со велосипеди до врвот. Знаејќи ја мојата психофизичка подготвеност, знаев дека сум доволно подготвена за искачување на тој врв, меѓутоа одлуката падна сепак да качувам пеш, а не со велосипед.

Поради тоа во мојот тим вклучив уште двајца планинари, пријатели, и авантурата беше започната. 

Купувањето на авионски карти во време на пандемија, каде секојдневно отвараат и затвараат граници, и менуваат правила по европските аеродроми, дополнително донесе неизвесност во нашиот план. Но сепак, храбрите ги следи среќата, па така од Софија преку Букурешт, Доха до Килиманџаро слетавме скоро во еден здив.

На 13ти Февруари во раните утрински часови веќе бевме на тлото на Африка. Веднаш се упативме кон хотел, и останавме да преспиеме и да одмориме.

На ден 14ти Февруари јас, Кирил и Филип го започнавме нашето искачување кон врвот Ухуру - 5.895м на Килиманџаро. Тргнавме од Марангу портата која се наоѓа на 1.850м надморска висина, околу 12.30 часот по локално време. Патеката од Марангу портата до Мандара Хатс е движење низ џунглата. Па така во текот на целото искачување се чувствува отежнатото дишење од влажниот воздух, се гледаат и слушаат криците од мајмуните на кои природно живеалиште им е џунглата, разновидни пајаци и чудесни инсекти кои дотогаш ги немавме видено. Првиот ден имавме искачување на околу 1.000м висинска разлика, и првото ноќевање е во Мандара Хатс, планинарски бунгалови кои се наоѓаат на висина од 2.720м. Во овие бунгалови пристигнавме по само 2 и пол часа пешачење. После ручекот, и заслужениот одмор, се сместивме во своите бунгалови, и утредента го продолжуваме патот нагоре.

Прв ден. температура 17,6 / висина: 2720 m

На ден 15ти Февруари во 7.00 часот наутро се упативме од Мандара Хатс кон Хоромбо Хатс, бунгалови во кои е планирано нашето второ ноќевање, и се наоѓаат на висина од 3.720м. Патеката која започнува во џунглата, излегува низ прекрасните савани на Африка, и веќе над 3.000 метри надморска висина дишењето е отежнато не само од влажниот воздух, туку и од се пореткиот воздух и притисокот во воздухот. Поради отежнато дишење, движењето е исто така поспоро, па овој ден од 2.720мнв до 3.720мнв иако имавме искачување од 1.000м висинска разлика, и само неколку километри повеќе од претходниот ден, сепак искачувањето до Хоромбохатс траеше 4 и пол часа. Па така околу 11.30 часот по локално време пристигнавме на второто ноќевалиште. По мал одмор, од тука се упатуваме до Зебра Карпите кои се наоѓаат на 4.000м надморска висина. Тука правиме околу 40минутен одмор, по што повторно се симнуваме во Хоромбохатс на ноќевање. По обилната вечера,  влегуваме во нашите бунгалови и чекаме да осамне утрото за да тргнеме кон следната цел.

Аклиматизација до 3.995m дот Zebra rock

Следна цел е да стигнеме до 4.720м надморска висина, односно до Кибохатс, каде што ќе направиме одмор, и веднаш истиот ден продолжуваме нагоре кон врвот. Овој вид на искачување е со активна аклиматизација, односно континуирано ја зголемуваме висината, за телата да може полесно да се прилагодат на се поголемата надморска висина и се пореткиот воздух. Така на ден 16ти Февруари во 7 часот наутро тргнуваме кон Кибохатс. Движењето веќе е по карпести предели, каде што нема густа вегетација, и воздухот е се поладен. Температурата на воздухот се симнува се поблиску до нулата. По неколкучасовно искачување, во 12.30 часот по локално време пристигнавме цела екипа на висина од 4.720м. На овој висински камп веќе секој од тимот почна да чувствува големи промени во телото. Отежнато дишење и движење, како и умор кој на вакви висини се чувствува поинтезивно. По ручекот, во координација со водичите од Националниот парк Килиманџаро, одлучивме на полноќ да тргнеме кон врвот Ухуру. Поради ваквата одлука, целиот тим ги подготвува ранците само со најнеопходните работи за искачување на врвот, со доволно вода, и топла опрема, и после лесна вечера сите легнуваме на заслужен одмор. Половина час пред полноќ почнуваме со подготовки, и точно во 12 часот тргнуваме од Kибохатс кон врвот Ухуру. Температурата надвор во моментот на тргнување беше неколку степени под нулата. Знаевме дека не очекува долг пат, во кој треба да искачиме висинска разлика од дури 1.300м и тоа не е воопшто лесно на вакви висини. Движењето оди споро, и по скоро 6 часовно искачување, пред изгрејсонце тимот од Македонија успеа да се искачи на Ухуру - највисокиот врв на Килиманџаро. Температурата во тој момент на врвот изнесува околу -17 степени целзиусови, сонцето се уште не изгреало, студот се чувствува во секој дел од телото, но на среќата и нема крај.

3 ден до 4.720m

17ти Февруари во 5.50 часот наутро, по локално време, тимот од шест членови успешно го искачува највисокиот врв на Африка. После само 10тина минути од искачувањето имавме прекрасно изгрејсонце, и веднаш побрзавме да направиме фотографии и видеа од тимот на врвот.

4 ден - Summit day – датум и висина

На самиот врв се задржавме околу 40 минути, и нешто по 6.30 часот го започнавме спуштањето кон висинските кампови.

Од врвот до Кибохатс спуштањето ни одзема околу 3 часа. На 4.720м направивме неколку часовен одмор, и околу 12 часот на пладне продолживме со симнување кон Хоромбохатс. Во поладневните часови се сместивме во бугаловите на висина од 3.720м и тука одлучивме да преспиеме. Утредента рано наутро од 3.720м се спуштивме до стартната точка Марангу портата.

Доколку измериме, искачувањето од почеток до самиот врв траеше околу 65 часа. Симнувањето ни одзема дупло помалку од ова. Импресиите кои ги симнав од Килиманџаро ќе останат врежани во мене до крајот на животот. Од џунглата и дивиот свет кој живее во неа, преку саваните и густата вегетација, афричкото сонце кое не изгори, до минусните температури на врвот кои не премрзнаа, и снеговите на Килиманџаро кои не воодушевија. Предизвикот да се искачи највисок врв на црниот континент за мене претставува само чекор поблиску до мојата цел, а тоа се искачени седумте највисоки врва на седум континенти. Односно тоа е Seven summit project, од кој досега имам искачено само два. Првиот е Елбрус, највисок врв во Европа со висина од 5.642м, и втор е Килиманџаро - врвот Ухуру кој е висок 5.895м.

Следниот врв на листата најверојатно ќе биде највисокиот врв во Јужна Америка, а тоа е Аконкагва кој е висок 6.962м и се наоѓа во Аргентина.

Тисотот што ја придружуваше оваа експедиција на Килиманџаро го има во продажните места на Божиновски часовници и накит.

Tissot T-Touch II Titanium Ladies Watch

Повеќе за часовникот има на следниот линк: https://bozinovski.com.mk/brand/products/item/2648