Павле Камилоски и Ирина Дишо ќе станат родители: Среќниот пар го откри полот на бебето
Една од најубавите македонски планинарки, Ирина Дишоска, или како што ја знаеме Ирина Дишо ќе се оствари во улогата на мајка.
На саканиот, пејачот Павле Камилоски, Ирина ќе му подари син.
Среќниот пар предновогодишно ги сподели вестите со јавноста, а иако не сакаат премногу да се експонираат тие се новата совршена двојка на македонската сцена.
Камилоски е познат по своите романтични песни и видео записи во кои се појавуваат убави девојки. Тој е оперски баритон, а најмногу ѝ е познат на македонската јавност по уникатниот музички настан „Мала Италија патува” во кој тој ја имаше главната улога.
Ирина пак на јавноста ѝ е позната по својата огромна страст кон планинарењето. Таа е од Тетово, но веќе извесен период живее во Скопје. Во 2020-тата воодушеви кога боса и во црвен долг фустан се качуваче по карпите на Кањон Матка.
Потоа имаше еден голем подвиг- кампување на ветришта и виулици на снежната Шар Планина, на минусни температури кои се спуштија дури и 20 спепени под нулата, а беа „feels like -30“. За ова екстремно искуство раскажа детално во интервјуз а Женски Магазин.
Ирина беше и единствената девојка меѓу шест Македонци кои го искачија највисокиот врв на Килиманџаро во Африка.
ФОТО: Инстаграм