Ни грам брашно, ни капка млеко: Најсочната торта со портокали на светот е готова за 30 минути (РЕЦЕПТ)

Добивај вести на Viber

Десертите со портокал се најпопуларни во есенските и зимските месеци, а нема да најдете побрз или повкусен од овој

Класичните колачи на база на бисквити се секогаш добар избор, особено во комбинација со сочно овошје со силен вкус, како што е портокалот. Ако го избегнувате белото брашно поради глутенот или млекото поради неговиот протеин или лактоза, постои многу поздрава алтернатива која може да биде уште повкусна!

Една од предностите на овие колачи е тоа што не мора ни да ги лупите портокалите, туку едноставно да ги сварите со што ќе го отстраните горчливиот вкус од кората. Наместо брашно, користете тајна состојка за неговата подготовка: мелени бадеми или, идеално, бадемово брашно, кое на овој десерт ќе му даде воздушен изглед и прекрасен вкус на јаткасто овошје.

Дополнително, ако сакате да го направите уште поздраво, наместо 230 грама шеќер, истурете 80-100 грама мед (најмалку шест ипол лажици) и ќе имате колач за чиј рецепт сите ќе се радуваат.

Торта од портокал и бадем без глутен

Состојки:

2 портокали со средна големина

1,5 лажички прашок за пециво

6 јајца

230 грама шеќер

300 грама мелени бадеми


Подготовка:

Извадете ги јајцата да отстојат на собна температура најмалку два часа пред да го подготвите колачот.

Калапот обложете го со хартија за печење, а на дното посипете околу 50 грама мелени бадеми.

Портокалите измијте ги, па ставете ги во тенџере и прелијте со вода колку да ги покрие портокалите. Гответе на средна температура околу 40 минути, а ако испари водата додадете уште додека не го покрие овошјето.

Потоа извадете ги портокалите и оставете ги да се изладат. Потоа исечете ги, извадете ги семките и ставете ги во блендер, па блендирајте додека смесата да добие текстура на џем.

Во длабок сад изматете ги јајцата и шеќерот со миксер додека не добиете густа смеса со светложолта боја. Во неа додадете ги изблендираните портокали и мелените бадеми, па сè убаво измешајте.

Истурете во калап и печете во рерна загреана на 180 степени. Колачот треба да се пече околу 45 минути, а се прави тест со чепкалка што треба да излезе целосно сува од колачот.

Кога ќе се излади украсете со парчиња портокал, рендана кора од портокал, шеќер во прав, мелени бадеми, семки од калинка, глазура од портокал или лимон.

Извор: glossy.espreso.co.rs

*пр објава