Ни треба нова стратегија за туризам: Ѓоко Танески наскоро ќе магистрира
Ѓоко Танески го подготвува својот магистерски труд „Културното наследство и културните манифестации во функција на туризмот“. Познатиот пејач, инаку студент на Универзитетот за Туризам и Менаџмент, денеска ги претстави своите тези пред стручна комисија кои се фокусирани на алтернативниот туризам во југозападниот дел на Македонија.
- Моите професионални амбиции се активно да се вклучам во креирањето на стратегијата за подобрување на условите во мојот роден град - ни изјави Танески.
На 26 јули со уште неколку свои колеги Ѓоко ќе одржи трибјут концерт посветен на рок-легендите „Пинк Флојд“, на сцената на Долни Сарај.
- Концертот е премиера на проектот „НАМБ Трибјут“, кон неповторливата музика на еден од најголемите и највлијателните рок-бендови воопшто во музичката историја. Заедно со уште неколку мои драги колеги, ќе испееме 16 безвременски хитови на „Пинк Флојд“. Со овој настан, ќе го доближиме Охрид до светот. Во сите поголеми градови и туристички места, одлично поминуваат концерти посветени на легендарните музичари - открива Танески.
Ѓ.С.