Никој не може да поверува дека е на прагот на осмата деценија: Жената на која ѝ завидува светот, конечно откри која е тајната
Кристи Бринкли неодамна на Инстаграм ја откри својата рутина за убавина која е заслужна за нејзиниот младешки изглед.
Познатата американска манекенка Кристи Бринкли наполни 68 години, но нејзиниот изглед не го поткрепува тој факт, бидејќи изгледа многу младо, а често ја споредуваат со нејзината ќерка. Според многумина, таа всушност е една од најубавите жени на светот.
Манекенката често споделува совети за убавина, а неодамна откри што е заслужно за нејзиниот младешки изглед на кој би ѝ позавиделе многумина.
Имено, главни фактори според неа се квалитетот и добрата шминка, правилната исхрана, хидратацијата, како и заштита и нега на кожата.
Кристи ја сподели својата рутина за убавина со своите следбеници на Инстаграм.
„Она што го правите секој ден ќе одреди колку ќе бидете здрави и живи“, рече таа, додавајќи дека најважно е „да спиете добро, да јадете органска храна, да останете хидрирани и да се грижите за вашата кожа 24 часа на ден“.
„Сè зависи од вас, во ваши раце е! Ова се нештата што ги правам секој ден за да се чувствувам посилно и кои ме охрабруваат низ моите напорни денови“, истакна таа.
Својата виталност ја должи и на вегетаријанската исхрана, хранејќи се на тој начин уште од својата 13-та година. Таа со години ја следеше „диетата на виножитото“, односно диета која препорачува храна во спектарот на боите на виножитото: сина, жолта, зелена, портокалова...
„Јас и целото мое семејство јадевме храна во боја на виножито секој ден.
За ручек зеленчук и салата, па додавам протеини како грав или јаткасти плодови. Вечерата е скоро иста секој ден, освен што можеби ќе го ставам мојот зеленчук врз тестенини со грав, ориз, житарки или киноа“, рече таа.