Николија ја сними велигденската трпеза кај мама Весна: Змијанац без шминка и со престилка ги воодушеви сите (ВИДЕО)

„Никаде не е како кај мама на ручек“ - порача Николија...

Пејачката Николија Јовановиќ на социјални мрежи покажа како изгледа празничката трпеза во домот на нејзината мајка, музичката ѕвезда Весна Змијанац.

Имено, Весна се има потрудено на масата да има сѐ, а ќерката ја сними како ги подготвува специјалитетите без грам шминка, со престилка околу вратот.

„Никаде не е како кај мама на ручек“ - напиша Николија во описот на објавата, а пејачката со нејзините кулинарски способности ги воодушеви сите.

@nikolijaofficial #mama Cool for the Summer - Sped Up (Nightcore) - Demi Lovato & Speed Radio

„Мајка ти е царица“, „Нема подобра од Весна“, „Весна е најјака“, „Такви се мајките“, „Николија, баш си среќна што имаш волку прекрасна мајка“, „Весна е ѕвезда и домаќинка, сѐ може“, „Кулинарско шоу, задолжително“ - се само некои од коментарите под видеото.

Иако порано се шпекулираше дека Весна со ќерката и зетот Реља Поповиќ не се во добри односи, пејачката истакна дека тоа не е вистина, за што сведочи и објавата на Николија.

фото: Принтскрин / ТикТок