Николина Пишек направи драстична промена: Со ваква фризура, секоја жена изгледа 5 години помлада (ФОТО)
Џеј Ло или Николина Пишек? Едвај ќе ја забележите разликата.
Водителката Пишек се смета за жена со многу стил, така што секоја промена на нејзиниот имиџ е внимателно следена. Овој пат, таа одлучи да си поигра со косата, а новата фризура наиде на лавина од позитивни коментари.
Таканаречените завеса шишки повторно се многу популарни, а жените ги сакаат затоа што ги „симнуваат“ годините од лицето и прават секоја жена да изгледа посвежо.
Николина на својот Инстаграм профил сподели фотографија од новата фризура, а на прв поглед тешко дека ќе препознаете дали се работи за поп дивата Џенифер Лопез или Николина.
За многу кратко време оваа фотографија собра над 3.000 лајкови. Токму оваа фризура, но и нијансата, ќе биде многу популарна во текот на есенската сезона, велат фризерите.
извор:stil.kurir.rsПроблеми со меморијата, ѝ се мати видот: Николина Пишек трпи последици и 4 месеци по труењето со гас