НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ СО КОНЦЕРТ СЛАВИ 35. ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Фолк-пејачот Нино Величковски вечерва со концерт во Куманово слави 35. годишен јубилеј. Нино со своите тамбураши ќе го отвори Меѓународниот тамбурашки фестивал, со концерт наречен „Нино и пријателите“, на Градскиот плоштад во Куманово од 20.30 часот.
Виолета Томовска, Наум Петрески, Октет Куманово ќе бидат дел од многуте гости. Водител на настанот ќе биде Ирена Спировска.
Како дел од славењето на јубилејот, во сабота , на 25 август, Нино ќе промовира ново, двојно цеде, наречено „Стара љубов“, во еден кумановски ресторан. Промотор на настанот ќе биде неговиот соработник, текстописецот Огнен Неделковски, а водител Ирена Спировска.
Меѓународниот тамбурашки фестивал во Куманово продолжува утревечер и во сабота, од 20.30 часот на Градскиот плоштад со гости од Србија, Црна Гора, Хрватска.