Ноември ќе биде најтежок месец во годината за нив: Три знаци да се чуваат добро
Ноември е месец кој неповолно може да влијае на хороскопските знаци, а за три од нив може да биде најтежок месец во годината. Овие совети ќе ви помогнат како ноември да ви биде полесен.
Јарец- потребен ви е одмор
Заборавете на сите рокови и одговорете на следното прашање: Кога последен пат сте земале слободен ден за да си се посветите самите на себе си? Многу нешта ќе ви се случат овој месец што значи дека ќе имате многу повеќе работа од порано. Работите треба да почнат да се менуваат ако сакате да напредувате на личен план. Но, не грижете се. Јупитер, планетата на среќата влегува во вашиот дом на духовноста на 8 ноември и ќе ви помогне да се чувствувате одлично.
Овeн: Ви треба време за себе
Знаеме дека веројатно се оптеретувате и имате право така да се чувствувате. Но, почекајте само еден месец. Морате да пронајдете начин да поминете што повеќе време со себе си и да ја обновите вашата енергија затоа што само така ќе успеете да ги совладате проблемите. Тоа значи дека од време на време треба да ја заклучите вратата на својата просторија и да ставите знак: „Не вознемирувај“.
Близнаци: Ретроградно време
Меркур е ретрограден на 16 ноември, само неколку часа откако ќе излезе од Венера, планетата на љубовта и на убавината. Меркур ќе патува низ вашата седма куќа на партнерството и на врската. Можеби нешто ќе ви се врати од минатото. Што и да се случи, до 6 декември не правете планови за патувања. Јупитер ќе ве израдува на 8 ноември, и ќе се задржи во наредниве 13 месеци, што значи дека нешто добро ќе ви се случи на љубовен план.