Носењето танга гаќички може да биде фатално по здравјето: Малку жени знаат, но ова се дел од ризиците
фото:Profimedia
Иако е едно од омилените парчиња долна облека на голем број жени, носењето танга гаќички може да биде опасно по здравјето на вагината.
Многу припаднички на понежниот пол едноставно не можат да замислат друг модел на долна облека, освен танга, особено кога се планира заводлив аутфит или интимна ноќ со партнерот. Други, пак, не можат да ги „смислат“ затоа што се непрактични и непријатни, но повеќето не знаат какви се сите несакани последици што можат да ги имаат врз нашето здравје. Имено, честото носење на овој модел на долна облека може да создаде вагинални инфекции, габични инфекции, но и кожни реакции како иритација или сува кожа, а ова се само дел од ризиците.
Вагинални инфекции
Здравствените проблеми започнуваат со уринарниот тракт и вагиналните инфекции. Тангите ја иритираат областа околу Бартолиновата жлезда, мала парна жлезда која се наоѓа во предниот дел на вагината. Ако каналите што водат до жлездата се затворени, може да се развие циста до вагината.
Суштината е дека овој модел на долна облека ги иритира женските гениталии со тоа што не остава доволно простор за проток на воздух.
Габични инфекции
Како што покажале резултатите од студијата, постојаното носење танга гаќички го зголемува ризикот од добивање на габична инфекција поради дополнителната влага што се акумулира. Исто така, постои можност бактериите од анусот да се пренесат во вагината и обратно бидејќи тесната лента постојано се движи по интимните делови на телото.
Кожни реакции
Споменатиот модел на долна облека може да доведе и до болни реакции на кожата како што се сува кожа, иритација и инфекција. Сува кожа се јавува кога танга гаќите продолжуваат да ја иритираат чувствителната кожа. Доколку тоа не се забележи брзо и навремено, може да доведе до големи непријатности, но и болка. Клиторисот може да се иритира и од триењето на танга гаќичките.
извор:zena.blic