Носи маска, спаси живот: Лица со попреченост покажуваат дека нема изговори

Прекрасна кампања на лица со телесен инвалидитет за носење на заштитни маски.

Во кампањата се вклучени неколку лица кои имаат различни телесни попречености. Жена која се родила без раце, си ја става заштитната маска со нозете, лице кое има оштетен вид само си ја става заштитната маска, лице кое има една механичка рака исто така само си ја става заштитната маска.

Кампањата има јасна порака, нема изговори за не носење на заштитните маски кои се прв мерка во заштитата од корона вирусот.

Нивната порака е силна, носете ги заштитните маски, заштитете се себе си и другите, спасете живот.

„ Не ни се оправдувај, ако можам јас да ставам, ако и јас можам да ја ставам маската, и јас, можеш и ти! Носи заштитни маски, спаси живот!“, зборуваат лицата во видеото.

Видео: фејсбук