Нова дефиниција за караван и камп-приколка: Погледнете какво чудо за живеење создадоа

Добивај вести на Viber

Со оглед на тоа што повеќе дестинации во странство сè уште не се достапни, истражувањето на нашата земја и локалитетите во близина, засега, се појавува како единствено погодно решение. Меѓутоа, ако ви се слоши од помислата на часови поминати во автомобил или автобус, а камоли денови без квалитетна храна, кафе и удобност, ние го имаме вистинското решение за вас.


Германската компанија, Варио Мобил, ја лансираше својата серија 1200, што претставува нова дефиниција за „караван“ и камп-приколка. Нивниот последен момент е ултра луксузно возило, кое чини повеќе од 1,7 милиони долари со тројна оска, кое е конструирано на шасија на Мерцедес. Паметно осветлување, врвен аудио квалитет, три хидраулични лифта и домашни апарати со кои ќе се чувствувате како дома, се токму тоа што ви нуди оваа новина, но и гаража за вашиот автомобил.


Perfect 1200 Platinum е ултра луксузно возило кое се протега во должина од 12 метри, тежи 26 тони и некои со право го нарекуваат хотел на тркала. Гламурозната дневна соба е првото нешто што ќе го забележите кога ќе влезете внатре во ова возило, а се состои од удобна софа, трпезарија и кујна.


Покрај тоа, овој автомобилски дом има ходник што ве води кон бања и спалната соба, а благодарение на неговите димензии и стил, ќе направи да се чувствувате како во вистинска вила. Опционалната кујна CubeArt е простор посветен на кулинарските вештини и ви ги нуди сите потребни работи за да создадете прекрасен оброк, вклучувајќи индукциска рингла, мијалник со модерно дизајнирана славина и многу фиоки со запалени рачки.


Спалната соба е пријатна и опремена како вистински врвен хотелски апартман. Доаѓа со површина од 10 квадратни метри, со многу простор за складирање над креветот, амбиентално осветлување и рефлектирачки врати, додека има и софа за попладневно релаксирање.


На неколку чекори од спалната соба, ќе најдете луксузно купатило, кое содржи прекрасен туш, тоалетна чинија, мијалник и доволно простор.


Фото: luxlife.rs