Нова фотографија од бремената Ѓеорѓина: Позираше со чанта која чини колку еден стан

Познатиот пар ужива во приватен авион

Фудбалерот Кристијано Роналдо на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира со својата свршеница Џорџина во приватен авион.

- Колку и да патуваме низ светот, во Португалија секогаш се чувствуваме како дома. Фантастично време, прекрасна храна и Португалците... Секогаш со нетрпение чекаме да дојдеме во нашата земја. Сега е време да се вратиме во Манчестер и да се концентрираме на нашите цели, но наскоро повторно ќе бидеме заедно – напиша Роналдо покрај фотографијата која собра речиси шест милиони лајкови.

View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)


Ѓеорѓина позираше во крзнена јакна, а вниманието го украде лакирана чанта Хермес Биркин чија вредност се движи од 9.000 до 400.000 евра.

Хермес Биркин е најлегендарната чанта на сите времиња, до која и најбогатите тешко можат да стигнат. 


Фото: Инстаграм