НОВА РУБРИКА НА ЖЕНСКИ МАГАЗИН: Театар дома
Циклусот домашни видеа, насловен „Театар дома“, вчера го започнавме со актерката Јасмина Поповска, која прочита скокотлива приказна од „Декамерон“ на Бокачо, а денес продолжуваме со Јордан Симонов и со апсурдниот цитат од „Алиса во земјата на чудата“. Зошто, пак, сега театар?
А, како ќе го поминевме периодот на изолација дома без книги, филмови, музика, онлајн театарски, оперски и балетски претстави? Ова е најсилната одбрана на уметноста пред сите напади за нејзиниот моментен статус, исправен пред разни преиспитувања. Не секогаш добронамерни.
И театарот како и сите други живи уметности е исправен пред голем колективен тест. Најдоброто сценарио е испостени од социјалното дистанцирање, нестрпливо да се поврземе со сцените по завршувањето на корона-кризата. Дотогаш, со домашните актери го одржуваме жив меракот за театар на сцена – со „Театар од дома“.