Новата година ја почнаа со нова фризура: Три наши инфлуенсерки направија одлични промени
Почетокот на новата година за многу луѓе е можност за промена, некои ветуваат дека ќе бидат на диета, други дека годинава ќе се доусовршат, трети пак прават промена кај себе.
Три наши инфленсерки споделија дека направиле промена со својата коса.
Инфленсерката Ксенија Депотоска на Инстаграм стори сподели дека се подготвува промена, а крајниот резултат го објави како објава. Секоја промена е убава, а дефинтивно пократкиот боб со шишки на Деспотоска ѝ стои одлично.
„Јас и моите филс идеи. Си сакав ваква фризура одамна и еве и дојде редот“, напиша Ксенија покрај објавата.
Друга дама, која на стори на Инста сподели дека ја освежила косата е инфлуенсерката и маркетинг специјалистот Сања Ристиќ.
Велат одењето на фризер за дамите е одличен момент за релаксација, но и свежината која ја добила косата на Ристиќ очигледно ѝ годи.
И блогерката и инфленсерка Стефанија Несторовска вчерашниот ден го искористила за да направи промена кај себе. Таа како што напиша на Стори еднаш годишно задолжително ја шишала косата кратко. Затоа што има бланширана коса, тоа според неа е единствениот спас.
Одлични промени!Фото: Инстаграм