Нови признанија за „Медена земја“, номинацијата за „Оскар“ сѐ поблиску

Добивај вести на Viber

Уште една награда за „Медена земја“! Снимателите Фејми Даут и Самир Љума ја добија наградата „Cinema Eye Honors“ за исклучително достигнување во кинематографијата.

„Медена земја“ ја доби наградата и за најдобар документарен филм која ја доделува Меѓународното здружение на филмски критичари (NSFC).

„National Society of Film Critics - NSFC “ е организација основана во 1966 год. а наградите кои ги доделува се сметаат за едни од најпрестижните награди на филмската критика во Америка. Во здружението членуваат голем дел од филмските критичари кои пишуваат за значајни светски медиуми како: „The Wall Street Journal“, „The New Yorker, „The Boston Herald“, „The Nation“, „The Village Voice“ и други.

„Медена земја“ се најде во најтесниот избор за престижниот „оскар“ во две категории. Номинациите ќе бидат познати на 13 јануари.