Новите апчиња за лекување ковид ефикасни и против омикрон: Наскро на пазарот производите на Мерк и Фајзер

Добивај вести на Viber

Додека експертите се загрижени дека варијантата на корона вирусот Омикрон може да предизвика наплив на случаи и да ја ослабе ефикасноста на вакцините, прозводителите на лекови имаат охрабрувачки вести: наскоро доаѓаат две нови таблети против „Ковид-19“ и се очекува да делуваат против сите верзии на вирусот.

Се очекува американската Управата за храна и лекови, (ФДА) наскоро да ја одобри пилулата што ја развија компаниите Merck и Ridgeback Biotherapeutics, наречена молнупиравир, која го намалува ризикот од хоспитализација и смрт од Ковид-19 за 30 проценти доколку се земе во рок од пет дена од почетокот на симптомите.

Другата антивирусна пилула, развиена од Pfizer, наречена Паксловид, може да има уште подобри резултати. Привремената анализа покажа дека лекот бил 85 проценти ефикасен кога се земал во рок од пет дена од почетокот на симптомите. ФДА може да ја одобри до крајот на годината.

Од почетокот на пандемијата, научниците се надеваа на ваква опција: апчиња што може да ги препише секој лекар и да подигнат во локална аптека.

продолжува на Фактор