НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ: Новиот вид на вурусот е главниот двигател на вториот бран и може да ја намали ефикасноста на вакцините

Добивај вести на Viber

Новиот вид на Ковид-19 идентификуван во Јужна Африка може да ги избегне антителата што го напаѓаат при третмани со користење на крвна плазма од претходно закрепнати пациенти и може да ја намали ефикасноста на сегашната линија на вакцини, соопштија научниците од три Јужноафрикански универзитети кои работат со Националниот институт за заразни болести, пренесува угледниот Ројтерс.  

Истражувачите прават обиди да утврдат дали вакцините што моментално се аплицираат низ цел свет се ефикасни против таканаречената варијанта 501Y.V2, идентификувана од експерти за геномика во Јужна Африка кон крајот на минатата година во заливот Нелсон Мандела.

-Видот 501Y.V2 покажува значително или целосно бегство од неутрализирачки антитела во крвната плазма за обновување на „Ковид-19“, напишаа тие во списанието „BioRxiv Journal“, додавајќи дека нивните заклучоци „ја истакнуваат можноста за реинфекција ... наведуваат намалена ефикасност на сегашните вакцини.“

Тие истовремено соопштија дека видот 501Y.V2 е 50% поинфективен од претходниот, нагласувајќи дека веќе се рашири во најмалку 20 земји откако беше пријавен во Светската здравствена организација кон крајот на декември.

Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк