Новогодишни колачи: Совршени за гости и подарок за празниците (РЕЦЕПТ)

Добивај вести на Viber

Рецепт за посни новогодишни колачиња - една состојка заменува јајце, а еве како да ги направите, украсите и внесете слатка празнична магија во вашиот дом!

Рецепт за новогодишни колачиња

Едноставни крцкави колачиња со аквафаба ( течност која се прави од наут и се користи како веганска замена за белките од јајца.) Лесни и воздушни, идеални за украсување и цртање на нив со чоколадна или шеќерна глазура. Како такви, тие се совршени како подарок за саканите! Спакувајте ги во стаклена тегла која малку сте ја украсиле со убава налепница, сатенска лента или покријте ја со украсна хартија. Можете да ги завиткате и во целофан кој ќе го врзете со украсна лента и ќе закачите парче хартија со посвета и убави желби. Ако немате аквафаба, можете да ја замените со едно јајце.

Состојки:

-околу 220 гр бело брашно

-1 кесичка прашок за пециво

-60 гр аквафаба

-50 мл масло

-70 гр шеќер

-1 кесичка ванилин шеќер

- посна црно-бело чоколадо, за декорација

Подготовка:

Во сад просејте 200 гр брашно и прашок за пециво. Во друг сад изматете ја аквафабата со вилушка, за да стане пенеста. Додадете ги шеќерот и ванилата и изматете уште малку. Додадете го маслото и сè добро измешајте. На влажните состојки постепено додавајте ја смесата со брашно. Се меша со вилушка, па се замесува тесто со раце. Додадете го остатокот од брашното, доколку е потребно. Тестото треба да биде компактно и да не се лепи премногу за рацете.

Ставете го на добро набрашнета работна површина, одозгора набрашнете го самото тесто и со сукало расукајте го со дебелина од околу 3 мм. Со различни модли вадете колачиња и наредете ги на плех покриен со хартија за печење. Повторете ја постапката додека не се искористи целото тесто.

Се печат во рерна загреана на 130 °C додека не поруменат од двете страни. Обично се печат околу12-15 минути. Важно е навремено да ги проверите од дното, бидејќи прво заруменуваат на долната страна, па можеби ќе треба да ги исклучите долните грачи малку порано. Печените колачиња оставете ги во плех околу 15 минути, а потоа извадете ги во чинија. Кога целосно ќе се изладат, украсете ги по желба и ставете ги во сад со капак. Многу се вкусни и следниот ден и после два дена, а вкусни се и без никаква глазура!


ФОТО: Женски магазин