Новогодишното пакетче никогаш не излегува од мода: Подарете најслатко задоволство и израдувајте ги најмалите

Веќе ги одбројуваме и последните денови од старата година и со нетрпение ја очекуваме новогодишната вечер. Овој предпразничен период е особено магичен за најмалите, кои едвај чекаат да ги отворат подароците од под елката.

Што треба да содржи едно новогодишно пакетче за да ги задоволи љубопитните дечиња?

Едноставно е, само помислете на детските насмевки и нивните желби за Дедо Мраз. Според експертите совршено би било доколку пакетчето содржи некоја едукативна книга соодветна на возраста на детето, плишана играчка и секако стандардните производи- чоколатца, но и овошје и грицки. Непишано правило е дека девојчињата се радуваат на кукли, а пак момчињата на автомобили, ни искористете го овој париод да ги насочите и кон паметни играчки, сложувалки, едукатицни коцки....

За да ви биде поедноставно, Тинекс маркетите веќе имаат огромен избор на подготвени новогодишни пакетчиња, кои можат да ги решат вашите дилеми.

Спакувани во стандардна кеса или пак во преубави картонски кутии налик елки, подароци или Дедо Мраз- изборот е навистина огромен.

Едно е сигурно- никако не можете да погрешите, децата ќе уживаат во ваквите слатки задоволства.


*ПР објава