Моден фокус // Накит
Ножниот прст на Ријана е побогат од мене: Пејачката се појави со прстен на ногата вреден милион долари
„Тивок луксуз“ напиша пејачката на видеото кое ко сподели, а на кое веднаш в очи паѓа масовниот дијамантски прстен кој го носи на едниот прст од ногата
Инаку станува збор за нејзинот аутфит од пред некое време.
Имено изгледот се состоеше од бушав бел минифустан од вештачко крзно од „Коперни“ и крзнена црна исечена јакна со бели украси од колекцијата на „Шанел“ есен 1994 година. Изгледот го комплетираше со капа од вештачко крзно по нарачка, специфични очила за сонце во бела боја и украсени кружни обетки и прстени од бисер и дијамант.
На третиот прст од нејзиното лево стапало, Ријана носеше дијамантски прстен кој извори велат дека чинел еден милион долари.
quiet luxury