Обичај кој е убаво да се почитува: Кога ќе ви се скине бројаницата, мора да го направите ова!

Бројаницата е молитва и тоа една од најстарите

Едно од духовните обележја на секој верник е бројаницата. Иако во денешно време бројаниците повеќе се носат од модни, отколку од верски причини, бројаницата е многу повеќе од обично парче накит.

Постојат мали и големи бројаници. Малите бројаници се состојат од 33 чворчиња, а големите може да имаат и 50, 100 или дури 300. Секој чвор се состои од 7 крстови. Плетените бројаници се прават од волна од овци, што не потсетува дека ние сме буквално овци на добриот пастир Господ Исус Христос.

Секој верник додека се моли со бројаница ја кажува молитвата. Најчесто изговорените молитви се „Молитвата до Исус“ и „Молитвата до Пресвета Богородица“. Неретко може да се види дека некои луѓе носат повеќе бројаници на раката.

За жал, тоа е едно од погрешните сфаќања на бројаницата и нејзиното постоење.

Бројаницата не служи ниту за игра, ниту за украс, туку за молитва. Молитвата е дел од секој чвор на бројаницата, бидејќи свештените лица кои ги прават за време на нивната изработка кажуваат молитва. Поради тоа секогаш треба да се има предвид дека бројаницата не е моден детаљ.

Една од најголемите дилеми која ги следи бројаниците е зошто таа се носи на левата рака? Одговорот е едноставен - од практични причини. Додека се крстиме за време на молитвата полесно ни е бројаницата да ја држиме во левата рака.

Исто така, додека ги вршиме секојдневните активности полесно ни е да ја носиме на левата рака. Секако не е никаков проблем доколку бројаницата се носи на десната рака, бидејќи изборот на раце не е верско, туку практично прашање. Постојат и бројаници кои се носат околу вратот.

Една од најголемите енигми поврзани за бројаниците е што да се направи со неа кога таа ќе пукне? Кога ќе се случи бројаницата да пукне, треба да се запали. Фрлањето на осветените работи е грев, па така бројаниците, како и другите осветени работи се палат. Во храмовите, црквите и манастирите може да се најдат бројаници кои претставуваат уметнички дела. Покрај плетените бројаници постојат и метални, како и нанижени бројаници.