Објави фотографија со мајка си: Заводникот Стјепан Хаусер ги разнежни фановите

Стјепан Хаусер, хрватскиот виолончелист најпознат како дел од дуото „2Chellos“, објави фотографија со својата мајка и ги разнежни своите следбеници на Инстаграм.

Иако претежно објавува само фотографии и видеа од тоа како свири на виолончело, овој пат со своите фанови сподели интересен детал од приватниот живот.

Имено, тој објави фотографија со неговата мајка Марија и напиша емотивна порака.

- Ова е единствената жена која ме сака безусловно - напиша Стјепан под сликата и собра скоро 200 илјади лајкови.

View this post on Instagram

A post shared by HAUSER (@hausercello)


„Преубави сте“, „Мајките се ангели на земјата“, „Убава фотографија“, „Врската мајка-син е нешто навистина посебно“, напишаа следбениците под објавата, а имаше и такви кои забележаа дека Стјепан и неговата мајка изгледаат многу слично .

„Имаш иста насмевка“, „Колку само си личите“, се некои од коментарите.