Обликувајте ја косата како нив и нема да погрешите: 10 познати убавици чии фризури најмногу се пребаруваат на Интернет

Добивај вести на Viber

Кога ќе помислите на манекенката која е на прво место, нејзината коса можеби не е првата што ви паѓа на ум, но девојките ширум светот се маѓепсани од нејзините фризури!

Голем број девојки инспирацијата за стилизирање на косата ја наоѓаат во стилот на познати пејачки, актерки, супермодели...
Згора на тоа, тие ни „сервираат“ илјадници и илјадници видови на фризура, а најмногу прегледи имаа фризурите на овие десет познати ѕвезди:

10. Хејли Бибер

Американската манекенка обично ја носи косата пуштена и често ги менува нијансите. Нејзин заштитен знак се благите бранови, а неодамна на својот канал на Јутјуб покажа како сама ги прави.

9. Мајли Сајрус

Откако го шокираше светот со „мулет“ или „фудбалерка фризура“, пејачката се префрли на нејзината омилена која уште се нарекува и „wolf cut (волчја фризура)“, по што славните девојки полудеа, па потоа истата ја видовме и кај Били Ајлиш и Ријана. Мајли веќе некое време има ваква коса и очигледно им се допаѓа на нејзините обожаватели.

8. Џиџи Хадид

За секојдневните прошетки во Њујорк со ќерката Каи, манекенката ја собира косата подигната во опавче, но инаку, нејзиниот избор е кадрава фризура! Иако е крајно обичен и секојдневен стил, многумина сакаат да ја копираат убавата Џиџи!

7. Ким Кардашијан

Трендсетерката и кралица на шоу-бизнисот е пример на многу начини кога станува збор за изгледот, па фризурите не се исклучок. Обично ја носи косата права, иако е подготвена да експериментира кога ќе се укаже прилика.

6. Кајли Џенер

Најмладата членка на кланот Кардашијан-Џенер толку често ја менува фризурата што веќе не може да се следи каква е нејзината коса, што е перика, што е надоградба, но што и да прави - илјадници девојки бараат туторијали за да погледнат како таа ја носи косата.

5. Бијонсе

R'n'B дивата во последно време претпочита да ја пушта косата во локни, но обожава и плетенки, најчесто оние кои се плетени по должината на главата. На Тик Ток има инструкции за неколку различни фризури кои ги носела Бијонсе, а сите имаат голем број прегледи.

4. Бела Хадид

Една од најуспешните модели на денешницата и кралица на ретро стилот, која особено ужива во трендовите од деведесетите - Бела Хадид, па така е и кога станува збор за стилизирање на косата. Таа обично носи високи опашки и пунџи, а кај неа го видовме и познатиот цик-цак патец кој се носеше на почетокот на 21 век.

3. Били Ајлиш

Кога младата поп-ѕвезда ја замени препознатливата црно-зелена фризура со руса коса, Интернетот експлодираше, па не е ни чудо што брзо влезе во листата на најпребаруваните!

2. Аријана Гранде

Ја залижувате косата и ја кревате во високо опавче, и тоа е тоа! Звучи едноставно, но илјадници и илјадници девојки ширум планетата секојдневно гледаат туторијали за да направат фризура која е заштитен знак на познатата пејачка.

1. Кендал Џенер

Познатата манекенка најчесто е бринета, има долг боб и косата ѝ е исправена. Воопшто не е комплицирано, но очигледно доволно за да остави силен впечаток и да ја лансира Кендал на врвот на оваа листа! Џенер во последниве месеци главно има степенеста фризура, слична на онаа поради која девојките се восхитуваат на Мајли Сајрус и Били Ајлиш.


извор:GLOSSY
фото:INSTAGRAM