Од Бакингемска палата пристигна годишниот извештај: Принцот Хари и Меган Маркл ја измамиле јавноста, ова е вистината

Конфликтот помеѓу принцот Чарлс и принцот Хари не стивнува, сега се појавија нови детали...

Британското кралско семејство конечно одговори на тврдењата на принцот Хари, кој во март ги изнесе на Опра Винфри, откривајќи дека кога со сопругата Меган Маркл ја напуштил Англија, финансиската поддршка во потполност му била скратена. Меѓутоа, вчера од Бакингемската палата пристигна годишниот извештај кој не се совпаѓа со наводите на принцот.

Бидејќи, по откажувањето од кралските должности, го изгубиле правото на финансиска поддршка, Хари и Меган се потпреа на наследството од неговата покојна мајка, а потоа потпишаа мултимилионски договор со „Нетфликс“.

„Како што сите добро паметиме, кога во јануари 2020 година соопшија дека ќе се откажат од кралските должности и ќе се преселат во Калифорнија, принцот Хари нагласи дека ќе работи на тоа за финансиски да се осамостојат“ - изјави високиот потпарол на резиденцијата на принцот Чарлс и додаде дека токму тој им дал значителна сума на пари за да ги поддржи во започнувањето на новиот живот.

Пресметките докажуваат дека Чарлс на синовите Вилијам и Хари и нивните семејсва им исплатил околу 4,5 милиони фунти.

фото: Profimedia