Од „Баленсијага“ и „Шанел“ до парчиња од обичен занаетчиски дуќан: Јованка Броз имала едно модно правило до кое се држела

Облеката на Јованка Броз била мешавина од југословенската модна индустриа, занаетчиското производство, но и најголемите светски модни куќи.

Да беше жива, Јованка Броз сопругата на Јосип Броз Тито, вчера ќе наполнеше 97 години. Таа во текот на годините стана поголема икона од својот сопруг, барем што се однесува до препознатлиот стил кој го негуваше.

Отсекогаш била љубител на минималистичкиот стил и сакала кроевите да ѝ бидат едноставни. Постоеле неколку непишани правила кон кои некогашната југословенска „прва дама“ секогаш се држела.

Бидејќи модната индустрија уште се развивала во текот на 60-тите години од минатиот век, немало некои иновативни креации, модните парчиња на Јованка Броз во тоа време биле окарактеризирани како „висока мода“.

фото: PROFIMEDIA

„Првата дама на Југославија“ нарачувала облека по мерка, со директна комуникација со дизајнерите, најмногу со познатата Мирјана Мариќ, но и со модното студио до Загреб, „Жужи Јелинек“.

Од втората половина на 60-тите, кога се развивал модниот дизајн во поранешна Југославија, Јованка Броз станала редовен гостин на белградските модни саеми, а за странските посетители често организирала ревии на домашните колекции, воглавно во поранешниот „Југоекспорт“. Во склоп наовие настани, „првата дама“ на Југославија организирала и модни ревии во чест на најголемите државни службеници и нивните сопруги.

Според етнографските извори, желбите на Јованка за нова облека биле скромни, до таа мера што често носела иста облека и по неколку пати, па им пркосела на трендовите и самата идеја на модата кога секогаш тежнеела кон нешто ново. Некои извори сведочат и дека Јованка често ја преправала облеката и накитот.

фото: PROFIMEDIA 

Она по што иконата на југословенската мода била препознатлива е стилот кој најдобро може да се окарактеризира како минималистички со едноставни кроеви, редуциран, елегантен накит и едноставни фризури.

Како и во секоја комбинација на политичката и социјалната елита, постоела јасна разлика помеѓу дневната и вечерната облека. За секојдневните комбинации, Јованка најчесто внимателно бирала кроеви и струкирани костими од ткаенини, свила, а понекогаш и костими на „Шанел“. Во нејзината гардероба со вечерните фустани често можеле да се најдат парчиња од свила и лен. Нејзините модни парчиња воглавно биле со светли бои и често со контрасни детали, иако сакала да ги носи и виолетовите и темнозелени нијанси.

Во нејзините колекции биле присутни модните магнати, како „Балмејн“, „Баленсијага“ и „Диор“, па кралицата на југословенскиот стил останала препознатлива по капутот на „Белмејн“. За обувки воглавно бирала едноставни салонки, „Белмејн“ високи потпетици или оние од домашните занаетчиски дуќани. Целиот изглед го потполнувала воглавно со кожени чанти од животински дезен и женствени шешири со различни кроеви.

фото: PROFIMEDIA

Она што доаѓа до израз кога е Јованка во прашање е нејзиното „правило“ за нестрого придржување кон модните трендови и фокусирање на дискрецијата, едноставноста и елеганцијата, без да се препушта на различните форми на експериментирање со облека и фризури. Така, можеме да забележиме дека матроната на југословенскиот стил низ годините не ја менувала фризурата, а не се плашела додека не почнала да ѝ белее.

Судејќи по сѐ, нејзината облека била мешавина од југословенската модна индустрија, занаетчиското производство, но и најголемите светски модни куќи.

фото: PROFIMEDIA

извор: story.hr