Од утре: МНТ во нашите домови

Од  Македонскиот народен театар, на официјалната фејсбук страна објавија статус со кој ги известуваат граѓаните дека поради неможноста да ужививаме во магијата на театарската игра, МНТ го носат во нашите домови.

Од утре со почеток од 20 часот, онлајн и во вашите домови, бесплатно преку YouTube-каналот на МНТ (MNT Teatar) можете да ги гледате претставите со следниот редослед:

18.03. „Сомнително лице“

19.03. „Изгубени Германци“

20.03. „Парите се отепувачка“

23.03. „Да тргнеме Сењор“ 

24.03. „Мајсторот и Маргарита“

Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн. – порачаа од МНТ