ОДРЕДЕНИ МАРКЕТИ СЕ НАЈГОЛЕМИ ПРОФИТЕРИ - Битиќи тврди дека леб ќе има доволно, и тоа по пристојни цени

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека доколку е потребно, можно е да се активираат стоковите резерви на државата.

Тој е дециден дека леб во земјава ќе има, и тоа, како што рече, по реално пристојни цени. Оценка на вицепремиерот е дека цените растат поради „нашето неодговорното однесување“, а за одредени маркети смета дека се најголеми профитери.

„Се испостави во одредени маркети дека токму таму се најголемите маржи. Цените растат и зашто поскапуваат суровините. Тука не можеме да интервенираме зашто сме увозно зависни“, рече тој.

Детали читајте на Фактор тука.