Одржан победничкиот прес, Тамара со уште една емотивна порака

Добивај вести на Viber

Тамара Тодевска утревечер ќе настапи во првата половина на евровизиското финале. Нашата претставничка ја имаше честа да ја отвори победничката прес-конференција по одржаната втора полуфинална вечер.  

- Македонија по шест години е во финалето. Ние сме многу горди. Јас сум многу горда на мојот тим, на мојата земја. Бидете горди и никогаш не ја криете вашата големина. Најдобриот момент е што пораката ја пренесовме на добар начин. Така што мојата работа ја завршив многу добро. И немаше да успеам без мојот тим - изјави Тодевска пред присутните новинари.