Здравје // Рецепти
Официјално рецептот за најдобриот сос за паста: Има само три состојки!
Сосот за паста кој од страна на кулинарскиот сајт „Delish" е прогласен за најдобар на светот, се прави од само три состојки, а дури и не бара сецкање на кромид, пишува „Дејли мејл“.
Марсеља, авторката на книгата „Основи на класичната италијанска кујна“ советува дека е најдобро сосот од домати да го правите со три состојки - кромид, масло и конзервиран домат.
Ова е потребно за рецептот:
- 800 грама домати од конзерва , излупени
- 1 глава кромид
- 6 лажички масло
Начин на подготовка: Кромидот исечкајте го на половина, додајте го маслото и доматите. Во тенџере динстајте на средна температура околу 45 минути. Промешувајте привремено, а на самиот крај извлечете ги парчињата кромид и со остатокот од смесата прелијте ги тестенините.