Ограбена куќата на Дејвид и Викторија Бекам во Лондон: Крадците влегле додека тие биле дома со 10-годишната ќерка

Илјадници фунти се украдени при упад во луксузниот дом на Дејвид и Викторија Бекам во западен Лондон, објавија британските медиуми.

Се верува дека кражбата на брачната двојка во Кенсингтон, се случила доцна вечерта на 28 февруари додека Бекамови биле дома со нивната 10-годишна ќерка.

Според весникот Сан, кражбата не ја увиделе додека нивниот син Круз Бекам (17) не се вратил дома од ноќно излегување и видел искршен прозорец и ограбена спална соба. Портпаролот на лондонската полиција потврди за медиумите дека околу 1 часот по полноќ на 1 март, полициски службеници одговориле на извештаите за кражба во куќа во областа W11 во Кенсингтон.

Тој додаде дека неколку предмети се пријавени за украдени. Се уште нема уапсени, а истрагата продолжува. Според Сан, меѓу украдените предмети има дизајнерски и електрични предмети во вредност од илјадници фунти.

извор:index.hr

Викторија поради неа доживеа траума: Како сега изгледа љубовницата на Дејвид Бекам?