ОМИКРОН Е НЕМИЛОСРДЕН, ДОВОЛНО Е ЛУЃЕТО САМО ЗДРАВО ДА СИ КАЖАТ: Најмладиот пациент има 22 години, вели пулмологот Буклиоска Илиевска
Со наглото зголемување на бројот на позитивните случаи на корона вирусот повторно почнаа да се полнат болничките капацитети. Во сите ковид центри во Македонија во моментов се хоспитализирани безмалку 600 луѓе поради компликации од ковид-19, бројка која е далеку помала од периодот лани, но епидемиолозите и инфектолозите предупредуваат дека од толкав број заразени и најмал процент да треба да бидат хоспитализирани, повторно ќе ги преполнат болниците.
Здравствените власти уверуваат дека се уште има места, односно дека се слободни 180 болнички кревети, иако бројката на хоспитализирани е дури за 25 отсто зголемена во однос на минатата недела. За состојбата во еден од најголемите ковид-центри во земјава, ГОБ „8 Септември“, за клиничката слика на пациентите кои сега се хоспитализирани, како и за неверојатниот наплив на пациенти во амбулантите во оваа здравствена установа, Фактор разговара со д-р Даниела Буклиоска Илиевска, пулмолог, кој цели две години заедно со своите колеги се бори за животите на секој од пациентите кој ќе влезе таму.
Целата сторија читајте ја на Фактор тука.