Операцијата на малата Ина помина успешно: Господ е голем ќе ви врати на сите

Операцијата на мозокот помина успешно, малата Ина која нѐ сплоти закрепнува одлично

Сигурно се сеќавате на шестгодишната Ина, која имаше потреба од нас и нашата хуманост за прибирање на средства за операција.

Семејството не беше во можност само да ги покрие трошоците за операцијата во Турција, а за која беа потребни 33.950$ па затоа бараа помош.

Средствата се собраа и оваа мала убавица имаше операција за отстранување на туморот на мозокот кој ѝ предизвикува епилептични напади, а сега нејзиниот татко се огласи на Фејсбук:

Сакаме да споделиме една убава вест со сите кои помогнавте за малата Ина. Операцијата беше успешна, сѐ помина во најдобар ред, Ина е супер - закрепнуваме. Уште еднаш од срце да ви се заблагодарам на сите што на било каков начин ни помогнавте - Господ е голем, ќе ви се врати на сите.