Оригинален рецепт за младенчиња: Утре младите невести треба да ги испечат овие колачи за долг и среќен брак
Млади брачни парови кои се венчаа по 22 март минатата година, утре слават Младенци
Утре Македонската православна црква и верниците ќе го слават празникот посветен на сеќавањето на страдањата на Светите четириесет војници, кои во 320 година го прифатија христијанството, за време на владеењето на императорот Лициниј, и покрај изречната забрана на императорот.
Младенци е празник кој изобилува со бројни обичаи. Тие секогаш паѓаат во пост, бидејќи постот обично започнува на почетокот или средината на март и затоа секое јадење кое се подготвува на овој ден треба да биде посно, за здравјето и напредокот на децата на младите сопружници.
Младенците ги слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчаа по 22 март претходната година.
На овој ден, обичај е да се посетуваат паровите кои во брак стапиле во годината претходно и да се даруваат, а во некои краеви се прават и 40 колачиња од мед - младенчиња. Младите невести треба рано на Младенци (утре) да ги месат овие колачиња според традиционален рецепт - a тие се симбол на среќен брак.
Ние ви откриваме како да ги подготвите највкусните младенчиња:
Потребни намирници:
-1 кг брашно;
-1 коцка свеж квасец;
-50 мл вода;
4 лажици масло;
2 лажици шеќер;
3 лажици мед + за премачкување;
лажичка сол.
Начин на подготовка:
1. Измешајте го квасецот во малку вода и додадете шеќер. Почекајте да нарасне.
2. Ставете го брашното во сад и додадете мед, а потоа сол и масло. Додадете квасец и измешајте сè добро. Додадете го остатокот од водата и месете го тестото, па оставете го да стаса околу 20 минути.
3. Расукајте го тестото и извадете 40 колачиња младенчиња со калап или чаша.
4. Наредете ги на хартија за печење и печете ги во рерна загреана на 200 степени околу 15 минути, додека не поруменеат.
5. Печените младенчиња премачкајте ги со мед.
Фото и Извор: Стилкурир