Ослабен имунитет – лесна цел за многубројни заболувања на организмот

Добивај вести на Viber

Тешките имунолошки пореметувања ги препознаваме по тоа што системот не ја врши својата основна улога, а тоа е борбата против предизвикувачите на болестите. Човекот со пореметен имунолошки систем не е отпорен на заразни болести. Личноста со добар имунитет настинува неколку пати годишно, а добива и потешка заразна болест ако е изложена на инфекција. Сепак, личноста со здрав имунолошки систем се спротивставува на болеста и во релативно разумен рок (предвиден за секоја болест) и со предвидени „нормални потешкотии“. На пореметување на имунолошки систем ќе се сомневаме ако заразните болести се јавуваат многу почесто од вообичаеното. Исто така на пореметување на имунолошкиот систем укажуваат болести кои ги предизвикуваат „безопасните“ микроорганизми. Тоа пред сè се микроорганизми кои се кај здравите луѓе присутни на кожата и слузокожата, каде не предизвикуваат никакви потешкотии. Кај личности со ослабен имунолошки систем дури и таквите „мирољубиви“ микроорганизми можат да продрат во организмот и да предизвикаат тешко заболување. Тешките инфекции од поедини габи и паразити, кои кај здравите луѓе не предизвикуваат никакви болести, сигурно укажуваат на пореметување на системот.

Најважни показатели за пореметување на имунитетот

⦁ Психичка состојба: потешкотии со концентрација и помнење, заборавеност, недостаток на интерес за животни предизвици

⦁ Емоционална состојба: депресија, тага, преосетливост, нестабилност, претерано или прескапо хранење, желба за одредена храна, зависност од одредени храна или пијалок

⦁ Енергија: ниска, нестабилни периоди со многу или малку енергија, хиперактивност

⦁ Физичка состојба: нестабилни, краткотрајни периоди на снага и немоќ, зависност од одредена храна или пијалоци

⦁ Мускули: слабост, болка, напнатост, чести повреди

⦁ Зглобови: вкочанетост, болка

⦁ Уста: болни и расцепени усни и оштетена слузокожа, слабо чувство на вкус и мирис, крварења од непца, губиток на вкус, обложен јазик, напреднато пропаѓање на заби, отежнато џвакање, претерано или преслабо лачење на плунка, отежнато голтање на храна

⦁ Носот: недостаток на мирис, отежнато дишење, затнат нос, секрет од нос и бол

⦁ Уши: чешање, шум (без надворешни звукови), вртоглавица, 

⦁ Глава: болка, вртоглавица, болка при движење на очите

⦁ Коса: изразито масна или сува, опаѓање

Имунолошкиот систем по правило лошо дејствува заради пореметување кое е  возможно да биде отстрането – неадекватна исхрана, стрес, нездрав начин на живот. Ако пореметувањето го откриеме потребно е и да го отстраниме. Ако човекот живее во согласност со својата околина и од тоа црпи задоволство и енергија тоа недвосмислено позитивно влијае на имунолошкиот систем и неговата способност да се одбрани од микроорганизми - предизвикувачи на болести. Исто така, човекот полн со задоволства и енергија подобро запазува, поодлучно управува со својот живот, избегнува стрес, не се препушта на пороци (пушење, алкохол, зависност од работа) и физички е поактивен. Сето тоа помага да ткивата и органите подобро работат, а тие поради тоа се помалку осетливи на дејствувањето на микроорганизмите. Поради тоа човекот со добрите животни навики и во добра психофизичка кондиција има појак имунолошки систем, а истовремено и помалку го оптеретува. Редовното внесување на некои витамини и минерали (C, D, Zn) значително придонесува за нормално функционирање на имунолошиот систем

Во секој случај важи дека, само здравиот имунолошки систем може долгорочно да нè заштити од заразни и тешки заболувања.

М-р фарм. Лидија Пешталеска

* ПР - објава