Ослободена од затвор: Првата жена во Србија осудена на казна од 40 години

Добивај вести на Viber

Оливера Крсманиќ (35), првата жена во Србија која беше осудена на 40 години затвор, беше пуштена на слобода месец и половина пред казната, која беше намалена од 40 години на 15 години затвор. Таа беше осудена за убиство на таксистот Незир Шишиќ во април 2005 година.

Крсманиќ беше ослободена од женскиот затвор во Пожаревац во текот на викендот, каде помина скоро 15 години.

- Целосната казна на Оливера истекува кон средината на април, но таа поднесе барање за условна слобода. Судот го прифати барањето, па затоа беше ослободена месец и половина порано - објаснува извор на Курир.

Нејзиното поведение во затворот било примерно, за сите овие години таа завршила бројни курсеви за занаети и учествувала на бројни натпревари за осудени лица. Крсманиќ се кае што го убила таксистот, им кажала на своите цимери дека по ослободувањето, планирала да оди кај нејзината мајка во странство и да го промени својот животот од корен.

Злосторството што ја потресе Србија, Оливера Крсманиќ го изврши на само 20 години. Еден ден таа повикала такси, а Незир Шишиќ, тогаш таксист, а поранешен инспектор, дошол да ја собере. Кога стигнале до Церак, сметката изнесувала 597 динари, но Оливера одлучила да не плати, туку да го убие Шишиќ.

Таа го застрелала во главата и ја возела колата кон селото Грабовица кај Горњи Милановац, каде го запалила возилото. Потоа се сретнала со нејзин пријател, Слободан Јорданов, кој убил работник на пумпа во селото Мојсиње кај Чачак. И двајцата беа уапсени во Белград непосредно по злосторството, а Јорданов го ранил полицискиот службеник Ненад Јелиќ за време на неговото апсење.

Оливера Крсманиќ сега не изгледа како на фотографијата, има долга коса.