„Останав бремена со оженет кој ми прати пари да абортирам“: По турбулентниот живот, се сврти кон верата
Поранешната хрватска манекенка Симона Мијоковиќ ги откри болните детали од своето минато, иако сега живее потивок живот
Симона Мијоковиќ, некогаш позната како Симона Готовац, помина низ турбулентен животен пат кој вклучуваше употреба на опијати и влегување во светот на скандалите, пред да најде мир во верата.
Денеска поранешната манекенка живее мирен и затскриен живот, но во неодамнешното интервју за хрватските медиуми откри детали од своето минато. Таа призна дека била во врска со маж кој бил таен дилер, со кој дури и забременила.
Меѓутоа, во драматичен пресврт дознала дека тој е веќе оженет и има семејство. Во таа тешка ситуација, соочена со невозможен избор, таа била принудена да направи три абортуси во рок од една година.
„Моето срце му припаѓаше нему, останав бремена, а потоа открив дека е оженет. Ми даде плик со две илјади куни и ме испрати на абортус. Не сакав, но бев принудена". призна Симона Мијоковиќ.
По турбулентниот период, Симона денес тврди дека е целосно трансформирана личност. Таа изјавува дека го посветила својот живот на верата во Бога. Оваа трансформација бележи пресврт во нејзиниот живот, а Симона отворено го рефлектираше своето искуство преку социјалните мрежи, споделувајќи со јавноста се што поминала во животот.
„Неколку пати сум сведочела како изгледал мојот живот пред Христа. Бев во блуд, со дрога, проституција, 14 години боледував од булимија. Телото и духот ми беа затворени. Фала му на Бога што влезе во таа бездна од пеколот, ја побара својата изгубена овца и ме одведе во стадото“ - рече таа тогаш.
Симона најде нова среќа кога го запозна Станислав Мијоковиќ со кој се омажи. Често велеше дека секој ден му благодари на Бога што ја спасил и ослободил. Со новиот сопруг има четири деца, а од бракот со Анто Готовец ја има ќерката Габриела.
Извор: stil.kurir.rs