ОСВОИ ЧЕТИРИ ОСКАРИ: Ова е најдобриот филм

Добивај вести на Viber

Најдобриот филм е Обликот на водата на Дел Торо. Филмот собра 4 Оскари. Одлично минаа и филмовите „Dunkirk кој освои 3 статуетки, како и „Тhree Billboards Outside Ebbing, Missouri“ со две.

90то доделување на Оскарите заврши со говорот на  Gillerma Del Tora, мексиканскиот режисер на филомот „Shape of Water“ кој синоќа во Долби театарот освои 4 Оскари од вкупно 13 номинации. Доделувањето по вторпат по ред го води Jimmy Kimmel, кој не се воздржа од шегите на сметка на сексуалниот предатор и некогашниот „оскаровски миленик“ Харви Вејнстејн.

Frances McDormand е најдобрата главна актерка, благодарение на нејзината улога во филмот „Three Billboards Outside Ebbing Missiour“. Оваа вечер сигурно ќе ја памети по нејзиниот говор во кој ги повика сите жени во салата да станат.

Најдобар главен актер е Gary Oldman за неговата улога во филмот „Darkest Hourво“ кој го пренесе ликот на британскиот премиер Винстон Черчил. Неговата трансформација ја овозможи мејк ап уметникот Kazuhiro Tsuji кој и самиот освои златна статуетка.

Jordan Peele влегува во филмската историја како првиот Афроамериканец кој освои Оскар во категоријата „Најдобро оригинално сценарио“.

Говорниците во текот на вечерта најмногу зборуваа за рамноправноста и разбирањето на предрасудите. Овојпат немаше инциденти.

Еве ја листата на победниците:

Најдобар филм:

’The Shape of Water’

Најдобар актер:

Gary Oldman, ’Darkest Hour’

Најдобра актерка:

Frances McDormand, ’Three Billboards Outside Ebbing, Missouri’

Најдобра споредна актерка:

Allison Janney, ’I, Tonya’

Најдобар спореден актер:

Sam Rockwell, ’Three Billboards Outside Ebbing, Missouri’

Режисер:

’The Shape of Water‘, Guillermo del Toro

Оригинално сценарио

’Get Out‘, Jordan Peele

Адаптирано сценарио:

’Call Me by Your Name‘, James Ivory

Најдобар странски филм:

’A Fantastic Woman‘ (Чиле)

Најдобар анимиран филм:

’Coco‘, Lee Unkrich, Darla K. Anderson

Краткометражен анимиран филм:

’Dear Basketball‘, Glen Keane, Kobe Bryant

Сценографија:

’The Shape of Water‘. Paul D. Austerberry, Jeffrey A. Melvin, Shane Vieau

Филмска фотографија:

’Blade Runner 2049‘, Roger Deakins

Визуелни ефекти:

’Blade Runner 2049‘, John Nelson, Paul Lambert, Richard R. Hoover, Gerd Nefzer

Најдобар звук:

’Dunkirk‘, Mark Weingarten, Gregg Landaker, Gary A. Rizzo

Монтажа на звук:

’Dunkirk‘, Alex Gibson, Richard King (DUNKIRK)

Најдобра оригинална песна:

’Remember Me‘ from ’Coco‘, Kristen Anderson-Lopez, Robert Lopez

Најдобра оригинална музика:

’The Shape of Water‘, Nathan Robitaille, Nelson Ferreira

Најдобар дизајн на костими:

„Phantom Thread, Mark Bridges

Најдобра шминка:

’Darkest Hour‘. Kazuhiro Tsuji, David Malinowski, Lucy Sibbick

Најдобар документарен филм:

’Icarus‘, Bryan Fogel, Dan Cogan

Најдобар документарен краткометражен филм:

’Heaven is a Traffic Jam on the 405, Frank Stiefel